Само две недели пред предвремените избори во Грција, кои ќе се одржат на 20 септември, анкетите покажуваат дека победникот не е сигурен, со оглед на тоа што најголемите партии Сириза и Нова демократија се многу блиску со проценти.
Истражување што го спроведе „Капа рисрч“ за неделното издание на „То Вима“ покажа дека за Сириза би гласале 26,5 проценти од гласачите, за Нова демократија 25,9 отсто, за Златна зора 6,5, Потами 5,1, Комунистичката партија на Грција 5,3, за Независни Грци три проценти, ПАСОК 5,8, Национално единство 4,7, Унија на центристи 3,5, за други партии 2,1 и неопределени се 11,6 проценти од Грците.
Вкупно 46,1 насто од испитаниците сметаат дека Сириза ќе победи, 34,5 отсто мислат дека тоа ќе биде Нова демократија, 1,5 отсто веруваат дека тоа ќе биде некоја друга партија, додека 17,9 не можат да се одлучат.
Главната порака на лидерот на Сириза Алексис Ципрас е дека тој го претставува „новиот“ и бара од гласачите да не се враќаат кон стариот политички ситем. Анкетата покажа дека 36,6 проценти се согласуваат со оваа негова изјава, додека 56,3 не се согласуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



