| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона во јануари ќе се заврти кон италијанскиот пазар

Luis Enrique

Европскиот шампион Барселона откако ќе и истече забраната од ФИФА за ангажирање на нови фудбалери, во јануарскиот преоден рок во 2016, повторно ќе има можност да доведе нови фудбалери во тимот.
Иако во јануари право на настап ќе добијат новите фудбалери, Арда Туран и Алеиш Видал, тренерот Луис Енрике сака дополнително да ги засили своите редови.
Тој посакува да ги доведе двајцата италијански фудбалери, Антонио Кандрева, крилниот играч на Лацио и репрезентативец на „аѕурите“, како и Доменико Берарди, фудбалерот на Сасуоло.
Кандрева е проценет на 35 милиони евра од раководството на „лацијалите“, додека Берарди би можел да биде доведен за околу 20 милиони евра. Првата опција за негов ангажман ја има Јувентус, бидејќи тој досега беше во косопственост на Јувентус и Сасуоло, но „старата дама“ се откажа од својата половина, но со право прва да го купи играчот за повластена цена од 15 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top