| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Итна владина седница по убиството на турските војници

pkkГолем број турски војници биле убиени при напад на Курдската работничка партија во југоисточниот дел на земјата синоќа, соопштија локалните власти.

Бројот на загинатите војници при нападот во селото Даглеџа, во округот Хакијари близу границите со Ирак и со Иран, не е прецизиран.

ПКК соопшти дека од заседа убила 15 турски војници. Ако оваа бројка се потврди, тоа ќе биде најсмртоносниот напад на курдските бунтовници по неуспехот  на договорот за прекин на огнот во јули.

Премиерот Ахмет Давутоглу свика итна седница во Анкара со учество на главните цивилни и воени власти.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека е вџашен од нападот. кој бил извршен со мина и вети решителен одговор од стрна на турските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top