Силем пожар вечерва избувна кај битолското село Ротино, објави телевизијата Тера. Пожарот зафати и едно возило кое се движело на патот и изгоре. Засега нема информација за евентуално повредени.
Противпожарната единица на Битола е на терен и состојбата според зборовите на командирот е многу опасна.Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население.
Според информацијата на телевизијата, пожарот избувна кај селото Цапари и зафати нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнево го имаше во регион, овозможил брзо ширење.
Фото: ТВ Тера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


