| четврток, 6 декември 2018 |

Најопасни земји за консумирање храна

Земјите во кои туристите најчесто се трујат со храна е Шпанија, потоа следат Турција и Египет, покажала анкетата која ја спровела британската фирма „Slater and Gordon“.

karibi-6_bigimage

Листата на најопасни земји за консумирање храна на јавни места направена е врз основа на анкета за бројни туристи отруени со храна на туристичките патувања, пренесува британскиот весник „Експрес“.

Анкетата спроведена на примерок од 2000 туристи покажала дека туристите најчесто се трујат со храна на туристичките патувања надвор од Европа.

На прво место по бројот на труења е Шпанија, дури 30% од испитаниците морале да „трчаат“ во тоалет поради неисправна храна.

На второ место каде што 15 отсто од туристите биле отруени со храна е Турција, додека на третото место е Египет со 13 отсто.

Четврто и петто место на најопасни земји за консумирање храна на јавни места со 12 отсто од случаите со труење се Грција и Франција.

На шестото место со осум отсто забележани случаи на труење со храна на патувањата е Италија, седмо и осмо место со седум отсто туристи кои имале стомачни проблеми поради консумирање локална храна се САД и Индија.

Деветто и десетто место со шест отсто туристи со лошо искуство со локална храна се Мароко и Тајланд.

Истражувањето покажало дека на секој четврти испитаник еден од главните фактори за избирање на туристичка дестинација му е квалитетот на локалната храна, подразбирајќи под тоа и хигиена во текот на нејзиното спремање.

Половина вегетаријанци на патувањето биле прелажени во поглед на содржината на сервираната храна, а 37 отсто виделе месо во својот „вегетаријански“ оброк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top