Младите кои пушат цигари ментол, пушат речиси двојно повеќе тутун, покажало канадско истражување. Корисниците на ментол цигари во просек неделно пушате 43 цигари, речиси двојно повеќе од оние кои ги консумираат обичните. Тие пушат 26 за една недела, пишува Дејли мејл.
– Младите луѓе мислат дека ментол цигарите се помалку штетни од обичните -вели еден од истражувачите.
Истражувањето покажало дека шансите пушачите на ментол цигарите да продолжат да пушат и наредната година се три пати поголеми отколку кај оние кои консумираат нормални цигари.
Претходните истражувања покажле дека повеќето возрасни пушачи, со “долга традиција на пушењето”, ја стекнале оваа лоша навика во текот на тинејџерските години.
Истражувачите презентирале податоци дека ментол цигари најмногу пушат тинејџерите на возраст помеѓу 12 и 17 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.