| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Победата на Холандија над Грузија, ни оди во прилог

vlado ilievski

Капитенот на Македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски, се надева на подобра игра во второто коло од Европското првенство против Холандија, натпревар кој многу ќе значи за пласман во следната рунда не Евробаскетот 2015.
Со евентуална победа Македонија со една нога ќе биде пласирана во осминафилето што ќе преставива голем успех за нашите репрезентативци.
Искусниот плејмејкер поради зголемена температура вчера не беше во можност да го даде максимумот, но денеска би требало да биде подготвен да го предводи „црвено-жолтите“ кон нов триумф.

– Против Грција во голем дел од мечот добро париравме на голем ривал и покажавме дека оваа селекција има потенција, дека македонската кошарка има иднина. Сега пред нас е Холандија, репрезентација што во првото коло ја изненади Грузија, но тоа е добар резултат за нас. Веќе напоменавме дека на овој шампионат нема слаби селекции и против сите мора да се игра најдобро што се може, јас искрено се надевам дека ние ќе одиграме уште подобро отколку против Грција и ќе ги израдуваме и нашите навивачи во Загреб, но и целокупната спортска јавност што не следи во Македонија – изјави Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top