Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Роџер Федерер продолжува со фантастичните игри на последниот грен-слем оваа сезона, Отвореното првенство на САД.
Досега Федерер нема загубено гем, а во третото коло настрада Германецот Филип Колшајбер со 3-0 (6-3, 6-4, 6-4).
Популарниот „Федекс“ експресно и во негов стил, го скрши отпорот на Колшрајбер добивајќи го првиот сет со 6-3. Потоа рутински ги надоврза и следните два сета со идентични 6-4, уште еднаш покажувајќи дека е во одлична форма и еден од главните кандидати за освојување на трофејот.
Тој во осминафиналето ќе се сретне со Џон Иснер, кој се пласира во следната рунда откако чешкиот тенисер Јиржи Весели го предаде мечот поради повреда, откако веќе губеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.