| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Финска ја понуди својата куќа за бегалците

Финскиот премиер Јуха Сипила утринава на државната телевизија рече дека ќе прими бегалци во својата куќа на село на 500 км од Хелсинки во која ретко оди поради својата фукција.

1419817759298
Сипила е центрист кој повеќе пати во изминатите месеци упати пораки до граѓаните да бидат солидарни со бегалците. Премиерот води коалиција во која учествува партијата Вистинска Финска, евроскептична и анти имигрантска партија која се согласува со прием на 700 до 1.500 бегалци во текот на една година.
– Се надевам дека ќе имаме еден вид народно движење кое ќе им даде желба на многу луѓе да помогнат во бегалската криза. Сакам да го дадам мојот удел и да покажам дека Финска е мултикултурна земја – изјави премиерот утринава.
Во Финска во моментов се зафатени сите центри за бегалци поради неочекувано големиот број луѓе кои доаѓаат во Финска.

Во 2015 година според Владата 25.000 до 30.000 бегалци ќе побараат азил во оваа скандинавска земја што претставува седум до осум пати повеќе од бројот на барателите на азил во 2014 година.

Северно-западниот дел на Финска не е густо населен и е особено погоден од бегалската криза. Секој ден во овој регион преку Шведска доаѓаат до 300 бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top