| четврток, 6 декември 2018 |

Од недела ќе залади

дожд

 Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика видно опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во другите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30 степени, а слична температура се очекуваат и во текот на целата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top