| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени повеќе лица за смртта на двете сириски деца

деца

Приведени се повеќе лица за смртта на двете сириски деца од страна на турската полиција. Утрово групата осомничени криумчари на мигранти беа изведени пред судот во Бодрум.

Тие претходно беа приведени под обвинение дека го организирале кобното патување во кое животот го загубија двете сириски деца, Ајлан и Галип и нивната мајка.

деца2

Еден од осомничените додека влегуваше во судот плачеше, додека другиот Хасан Али Салих ја држеше неговата мајка Зехра Салих која дојде за да го поддржи.

Како што јавува британски „Дејли меил“, Зехра плачела и молела за помош викајќи дека нејзиниот син е виновен. Таа рекла дека нејзиниот сопруг бил убиен во војната во Сирија, а дека нејзиниот син бил очаен за да избега на сигурно.

деца3

Уште еден од осомничените, Мустафа Халил, ја наведна главата додека одеше кон судницата. Неговата мајка Мелиха Халил изјави дека тој не бил поврзан со криумчарење и дека самиот тој се обидувал да стигне во Европската Унија.

Судењето треба да започне во 13 и 30 часот по локално време.

Тие се уште не се обвинети, денес земаме изјави од нив, изјави портпаролот на судот во Бодрум.

Инаки, денеска ќе биде одржано сослушување од затворен тип, на кое нема да биде дозволено присуство на новинарите, што е сосема нормално според турските закони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top