Додека некои жени веруваат дека љубовта на нивниот живот ги чека зад аголот, поголемиот дел од девојките мислат дека никогаш нема да најдат партнер. Психолозите наведуваат дека девојките сами ја комплицираат ситуацијата поради изразената самокритичност и поради преголемите очекувања самите себе си си создаваат притисок.
Девојките најчесто ги изговараат следните реченици:
Мојот поранешен дечко е најдобар
Можеби навистина тој бил најдобар, но тоа не значи дека не постои никој кој ќе ви се допадне,.
Сите мажи се свињи
Можеби на вашата листа сите мажи биле свињи, но ако вашите другарки и познанички можат да најдат супер момчиња, најверојатно можете и вие. Секако тоа нема да се случи додека го имате тој став.
Јас не сум најубава на свет
Секако дека не сте, но и другите кои имаат момчиња не се најубави на свет. Не е работата како изгледате туку што имате во главата.
Не постои дечко за мене
Ако очекувате момчето да ги исполнува сите карактеристики кои сте си ги зацртеле, тогаш сигурно ќе чекате многу долго.
Морам да се омажам
Ако секое потенцијално момче го гледате како потенцијален сопруг мажите тоа едноставно го чувствуваат и бегаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.