Мајк Смит, сопственик на продавница за користени автомобили во Локпорт, пред неколку дена останал збунет кога една млада муштерика му се пожалила дека полначот за Ајфон во нејзиниот автомобил не работи.
Имено, Смит во прв момент не можел да сфати за какви полначи зборува, а уште помалку му била јасна забелешката дека мистериозниот извор на полнење го гребе стаклото на апаратот.
Кога влегол во автомобилот Смит не можел да се воздржи од смеа, бидејќи му станало јасно за што станува збор. Проблемот го фотографирал и фотографијата ја закачил на „Фејсбук“.
Фотографијата за неколку дена поделена е повеќе од 160.000 пати, а освен што е смешна, сведочи колку времето брзо поминува, а работите се менуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не полнете ги мобилните телефони преку ноќ: Овој човек го држел телефонот на полнач цела ноќ, плати со живот
-
Полначот го поврза со главица кромид, а она што му се појави на екранот ќе ве изненади
-
Бебе си играло со мобилен на полнач: Кога се разбудила мајката, веќе било мртво
-
Колку долго треба да се полни батеријата на лаптопот



