Многумина ги мачи прашањето дали лаптопот треба секогаш да се исклучува од полначот, откако ќе се наполни батеријата.
Но, одговорот на ова прашање не е едноставен.
Според тестирањата на батериите на лаптопите, ако својот уред постојано го држите на полнач, тоа ќе ја намали неговата моќност.
Освен тоа, зголемената температура во текот на полнењето ѝ штети на електрониката, па главно не се препорачува постојано држење на уредот „на кабел”.
Едно од решенијата е ако го користите лаптопот подолго, извадете ја батеријата и едноставно работете како со десктоп компјутер.
Меѓутоа, кај новите уреди ниту тоа не е можно, бидејќи батериите се запечатени во куќиштето, за да се намали нивната маса и да се обезбедат помали димензии.
Ни производителите не се сигурни околу оовј проблем.
„Асер“ препорачува вадење на батеријата секогаш кога е тоа можно, а препораката на ХП е лаптопот максимално две недели да се чува на постојано полнење. „Дел“ целосно негира дека оставањето на лаптопот на полнач е проблематично, а „Епл“ дека во идеален случај, лаптопот треба наизменично да се полни и користи.
Бидејќи нема јасен одговор, секогаш можеме да сметаме на видливото решение, а тоа е умереноста.
Ерата на проблематичните батерии во лаптопите е завршена и сега многу од овие уреди имаат литиум-јонски или литиум-полимерни батерии, кои не можат „да се преполнат“, но затоа можат доволно да се испразнат за да се оштетат.
Познато е дека нивниот век на траење може да го скрати нивото на напонот (колку е повисоко при полнење, толку векот на батеријата е пократок), циклусите на полнење и празнење (бројот е ограничен за секоја батерија), како и високите температури (над 30 степени Целзиусови влијаат на долговечноста на батеријата).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.