Околу 10.000 бегалци и емигранти се преместени од пристаништето во Митилена на отворен простор во близина на плажата „Цамакиа“ на островот Лезбос.
Припадници на грчката крајбрежна стража и полицијата ги принудија бегалците и емигрантите да ја напуштат областа на пристаништето и ги одведоа на отворен простор, кој се наоѓа на неколку стотици метри од пристаништето. Соопштено е дека ќе се направи обид да се пребројат емигрантите.
Градоначалникот на Митилена Спирос Галанос во изјава за телевизијата ЕРТ ситуацијата ја опиша како „експлозивна“.
Претходно околу илјада Авганистанци се обидоа да го окупираат фериботот „Сина ѕвезда 1“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)