| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Целиот западен свет е виновен за смртта на малиот Ајлан

Целиот западен свет е виновен за смртта на малиот Ајлан Курди, изјави турскиот петседател Реџеп Таип Ердоган, по повод смртта на тригодишното Сиријче, чиешто тело неделава беше откриено на брегот на одморалиштетот Бодрум.

Erdogan

 

Во интервју за „Си­-Ен­-Ен интернешнел“, дадено доцна синоќа, Ердоган рече дека кога ги видел снимките од мртвото момче „се распаднал“. ­

– Кога ги видов снимките бев заедно со моето семејство. Ги гледвме снимките со моите деца и внуци и плачевме заедно, изјави турскиот претседател. Се прашав: Каде е човештвото? Каде е совеста на луѓето?. А за одговорноста за овој ужас навистина сметам дека е на целиот западен свет – додаде Ердоган.

Тој потсети дека многу деца и нивни мајки и татковци загинале во Средоземно Море во обид да стигнат до Европа. Истовремено тој посочи дека од почетокот на годината, турската крајбрежна стража спасила над 50 илјади лица.

Претседателот уште рече дека Турција со големо гостопримство ги прима бегалците од Сирија и Ирак и од таа причина во земјата има околу два милиона бегалци. Тој упати критика поради односот кон мигрантите во сите европски земји, но главно кон Грција, Италија, Шпанија, Франција и Унгарија.

Ердоган нагласи дека светот треба да преземе заеднички активности за да биде дадена шанса за живот на луѓето што бегаат од војните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top