„Фолксваген“ до 2018 година ќе вработи уште 50 илјади работници низ целиот свет и бројката ќе стигне до 600.000 вработени. Најголем број од нив ќе бидат во Кина, а помалку во Европа, изјави за германските медиуми претседателот на Групацијата, Бернд Остерлох.
Вработувањето ќе биде дел од стратегијата на компанијата да стане најголем производител на автомобили во светот. Минатата година „Фолксваген“ испорача 9,1 милиони возила, а планира во следните пет години да стане број еден производител во светот.
„Фолксваген“ смета на раст во прекуокеанските земји и во Азија за да ја надомести слабата побарувачка во Европа. Во Кина планира речиси двојно да го зголеми производство во текот на следните пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.