Во следните неколку дена српските специјалци заедно со руските и белоруските војници ќе вежбаат спречување државни удари, соопштуваат руските медиуми, пренесува српски „Блиц“.
Вежбата „Словенско братство 2015“, официјално има за цел вежбање на откривање и уништување илегални оружени формации.
Московските медиуми, повикувајќи се на изјавата на генерал Владимир Шаманов, пишуваат дека тие ќе вежбаат реакција во случај да дојде до протести како оние во кои беше урнат прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
Потпаролот на српското Министерство за одбрана капетан на Корвета Јован Кривокапиќ за „Блиц“ вели дека целта на учеството на единиците на војската во Србија во сите вежби е кревање на нивните оперативни и функционални способности, но и дека не сака да навлегува во политичката конотација која и се дава на вежбата.
– Оваа година имавме повеќе од 20 мултинационални вежби кои се важни поради интернационалното опкружување, работата на непознат терен, користењето на странска техника и запознавањето со нејзе, вели Кривокапиќ.
Поранешниот министер за одбрана на Србија, Драган Шутановиќ сепак смета дека без оглед на темата на вежбата Србија во моментот може да има повеќе штета отколку корист од неа.
– Фактот дека ЕУ реагираше оди во прилог на тоа дека доколку Владата е искрена за евроинтеграциите, мора својата надворешна и безбедносна политика да ја прилагоди на ЕУ, вели тој.
Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ претходно на забелешката од ЕУ дека со учеството во оваа вежба Белград испраќа лош сигнал, одговори дека Србија е неутрална, но и дека прифаќа секакво партнерство и размена на искуства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србов: Факт е дека со конфликтот СДСМ сакаше да го скрие ударот врз државата
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Турција повторно побара од Грција екстрадиција на офицерите
-
Руски и српски пилоти ќе учествуваат во заедничка вежба „БАРС-2016“ на територијата на Србија


