| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево и топло со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно западен ветер и мала локална облачност во планинските региони.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени. УВ-­индексот ќе изнесува 7.

До крајот на неделата ќе се задржи сончево и многу топло време за овој дел од годината. Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и појава на локален дожд се очекува од недела попладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По Повардарието сè уште ќе се чувствува северниот ветер повремено со умерен интензитет, а дневната температура ќе биде пониска за шест степени од денешнава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top