Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува својата нова акција „Книгите подаруваат: оригами“. Имено, од 1 до 30 септември 2015 година, секој купувач во Книжевен центар „Антолог“ ќе добие подарок оригами изработено од Вера Велевска, која со тоа се занимава веќе неколку години и досега одржала повеќе работилници и изложби.
„Септември, како месец кога почнува учебната година, сакавме да им го посветиме на нашите најмлади читатели, за кои претпоставуваме дека најмногу ќе ги израдуваат овие рачноизработени подароци. Кај нас секогаш се посветувало големо внимание на квалитетната детска литература, од која нудиме широк избор, па сакаме преку оваа акција да ја поттикнеме кај помладите генерации љубовта кон книгите и кон читањето. Секако, никогаш не ги забораваме ни повозрасните читатели, на кои им нудиме неколку нови наслови, но и нашите најпродавани и најпопуларни книги, со одлични цени и со подарок оригами за секоја купена книга“, соопштуваат од „Антолог“.
Акцијата важи само во просториите на Книжевен центар „Антолог“, улица „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1.Koличините се ограничени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија


