Конечно вчера се случи долгоочекуваното отворање на Венецискиот филмски фестивал со холивудските ѕвезди во своите најдобри летни изданија.
На црвениот килим дефинитивно највпечатливи беа Даен Кругер и Елизабет Бенкс кои одбраа бели тоалети со блескави детали на површината.
Голем впечаток остави и шармантниот актер Џејк Џиленхал кој се појави во елегантен црн костим и предизвика големо воодушевување кај присутните обожаватели.
Токму на првиот ден од отворањето на фестивалот се случи и премиерата на новиот хит филм „Еверест“ со Џејк Џиленхал во главната улога.
Останатите холивудски девојки кои се појавија на црвениот килим и на бројните настани организирани во рамки на фестивалот, се одлучија за тоалети во светли бои како што ѝ му доликува на италијанското лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули