| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи Буфон сака да биде рекордер со шест учества на СП

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и член на Јувентус, Џиџи Буфон иако веќе има навршено 37 години посакува да брани и на следното Светско првенство 2018 година што ќе се одржи во Русија.
Тој воопшто не размислува за завршување на својата кариера и брани во одлична форма за својот тим и за националниот состав.

– Се надевам дека ќе настапам на мундијалот во 2018 година во Русија. Тоа ми е голема желба и идеален начин да се збогувам од репрезентацијата, но годините не ми дозволуваат да правам долгорочни планови. Одам чекор по чекор, за почеток сакам да бидам во добра форма за ЕП 2016 – изјави Буфон, кој досега одиграл 148 натпревари во дресот на „аѕурите“.

Доколку биде дел од СП 2018, Буфон ќе стане рекордер со оглед на фактот дека тоа ќе му биде шести мундијал во кариерата, минувајќи го Лотар Матеус од Германија и Антонио Карбахал од Мексико. Мора да се спомене дека Буфон досега бранел на четири од петте мундијали од кои бил дел, бидејќи на СП 1998 во Франција младиот Џиџи беше само четврти избор на репрезентацијата на Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top