Обвинителот Марко Зврлевски ќе седне во фотелјата на републичкиот обвинител, во која досега седеше Љупчо Шврговски. Ваква одлука донела Владата на последната седница донела, со што нов Јавен обвинител на Република Македонија во следните 6 години ќе биде досегашниот прв човек на скопското обвинителство. Останува Собранието да го верификува мандатот.
Зврлевски бил единствениот што се пријавил на огласот. Пред да го кандидира, Владата добила и позитивно мислење за него и од Советот на јавни обвинители.
Зврлевски во обвинителството на разни позиции е 23 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


