Последната станица на меѓународните возови, со кој преку Будимпешта се превезуваат стотици бегалци ќе биде на унгарските граници, вклучувајќи ја и таа со Чешка, информираа превозниците на унгарскиот и на чешкиот железнички транспорт.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, според портпаролот на „Чешки железници“, Петр Стахлавски, унгарската страна не ги соопштила причините за преземените мерки и не се знае до кога ќе траат.
Возовите што сообраќаат меѓу Чешка и Унгарија ќе запираат во унгарската погранична станица Соб, која е блиску до границата со Словачка.
Во Унгарија последните денови поради бранот бегалци од Блискиот Исток и Африка, особено од Сирија, кои патуваат во земјите на Западна Европа имаше проблеми поради неможноста да се префрлат со возови сите луѓе.
Досега, владата на Виктор Орбан, на јужната граница со Србија постави висока бодлива жица, а Парламентот подготвува и измени на Законите, кои би овозможиле порадикален пристап кон емигрантите и тие што ги пренесуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Македонските возови од наредниот месец нема да сообраќаат надвор од државава
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Судар на два воза во Австрија, патниците полесно повредени