| четврток, 6 декември 2018 |

Обама на Алјаска „налета“ на Беар Грилс – и сам се фотографираше со него

grylls-obama-800Обама беше на Северниот Пол. Тој е првиот претседател на САД што стапнал на северот. Оваа посета ја регистрираа официјалните фотографи.

Но тоа што го натера Обама сам да се фотографира при тридневната посета на Алјаска, најсеверната американска сојузна држава, беше средбата со Беар Грилс – кој повторно снима серија за преживување во невозможни услови.

-Драго ми е што ова е единствена мечка (Беар) што ја сретнав во паркот – напиша Обама под фотографијата на официјалната страница на „Инстаграм“ на Белата куќа.

По оваа средба, од продукцијата на Грилс најавуваат специјална емисија во следните месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top