Со светската премиера на 3Д драмата „Еверест“ работена според вистински случувања – катастрофа на Хималаите, денеска, 2-ри септември, почнува Филмскиот фестивал во Венеција.
Во двочасовното остварување на режисерот Балтасар Кормакура во фокусот се случувања од мај 1996 година кога осуммина планинари ги загубија животите во меќава во близина на планинскиот врв.
На фестивалот денеска се очекува и премиера на првиот долгометражен филм на стриминг сервисот Нетфликс – Beasts of No Nations. Драмата за деца-војници во Африка во режија на Карки Фуканага е едно од 21 остварување кои се натпреваруваат за главната награда на фестивалот – Златен лав.
Голем интерес предизвикува и The Danish Girl, најново остварување на Том Хупер, каде оскаровецот Еди Редмејн го игра данскиот уметник кој бил еден од првите луѓе врз кои беше извршена операција за промена на полот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули