Талентираниот млад македонски голман Дејан Илиев, кој веќе трета година е член на младата селекција на Арсенал, доби линценца од премиерлигашот за настап во Лигата на шампионите оваа сезона.
Илиев се најде на Б-листата на „топчиите“, кои мораа да го пријават составот за настап сезонава во елитното натпреварување. Тој се најде меѓу 32 фудбалери на Арсенал.
20-годишниот голман се најде меѓу четворицата играчи од младинскиот погон на Арсенал што ја сочинуваат Б-листата. Освен него, Арсенал пријави уште три голмани, Петр Чех, Давид Оспина и Мет Мекеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.