| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот на Водно ставен под контрола

Пожарот на Водно кај Теферич што избувна попладнево е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување.

Како што изјави командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, се интервенираше веднаш, со 13 цистерни, а дежурни екипи ќе останат на терен цела ноќ.

– Пожарот зафати голема површина, но се уште не можеме да прецизираме колку точно, рече Менковски.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top