Членовите на Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, вчера околу 16.00 часот по дводневно пребарување во водите на Мавровското Езеро, во атарот на с. Леуново, го пронашле безживотното тело на турскиот државјанин Ватансевер С.(66) од Истанбул, информира денеска МВР. Телото било пронајдено на околу 200 метри од брегот.
Ватансевер С. пред два дена пливајќи кон спротивниот брег исчезнал во Мавровското Езеро.
Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар излезгле на местото на настанот и извршиле увид. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.