Еден господин од Франција пред 34 години запознал девојка на Зларин, во близина на Шибеник, а сега ја бара.
За да ја пронајде, ја замолил Туристичката заедница Зларин да му помогне во тоа.
Туристичката заедница оваа фотографија ја објави на Фејсбук, како би му помогнала на човекот во потрагата.
-Господинот од Франција веќе со години ја бара оваа личност која ја запознал во летото 1981 година на Зларин. Вели дека поради јазикот, одалеченоста и останатите работи, никогаш не успеал во тоа. Можеби ние можеме да му помогнеме – напишале покрај фотографијата.
Доколку некој ја препознае личноста од фотографијата, може да се јави на Туристичката заедница преку линкот:
https://www.facebook.com/pages/Turisti%C4%8Dka-Zajednica-Zlarin/1382597645393741
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.