Горештините невообичаени за овој период ги колабираа скопјани. Екипи на Брза помош денеска интервенирале дури кај осум колапси. Сите биле на јавни места. Се онесвестиле додека чекале во банка, во училиште и канцеларии. Четворица од нив завршиле во болница. Останатите добиле итна помош на лице место. Според евиденцијата во службата, во текот на денешниот ден има повеќе колабирани отколку во јули кога температурите беа над 40-тиот степен. Лекарите уште еднаш апелираа до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високи температури кои важат веќе два месеци – да не излегуваат без потреба во најтоплиот период од денот, повеќе течности и лесна храна. Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Високи температури според најавите ќе има и во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.