Kандидатот за градоначалник на скопската општина Центар од редовите на „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски, во време додека ја извршувал пратеничката функција не пријавил во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупцијата дека поседува куќа иако за тоа како пратеник имал законска обврска, пишува „Нетпрес“.
Според информациите на „Нетпрес“, Жерновски се стекнал со удел во куќа на улицата Петар Драпшин број 39, со површина од 150 квадратни метри и 50 квадратни метри дворно место, во август 2006 година.
Истите извори за „Нетпрес“ тврдат дека во анкетниот лист, кој Андреј Жерновски го доставил до Комисијата и во 2006 кога станува пратеник, но и во 2008 година кога по предвремените парламентарни избори повторно е реизбран, немало наведен податок дека тој поседува или има удел во куќа од 150 квадратни метри на улицата Петар Драпшин број 39 во Скопје.
Од „Нетпрес“ провериле на веб-страницата на Катастар. Таму пишува дека има имотен лист за таков објект на наведената адреса и дека лицето Андреј Жерновски поседува една третина од тој објект.
Ако оваа информација се покаже како исправна, односно дека овој имот не е пријавен во анкетниот лист, тогаш таквото однесување на Жерновски повлекува прекршочна одговорност, пишува „Нетпрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ристески: Жерновски 4 години без срам и недомакински ги троши парите на центарци
-
За 4 години, со 100 милиони евра на центарци, Жерноски и СДС не успеаа да реализираат ниту еден ветен проект
-
Шерифите на Жерновски на тапет кај Јоци
-
Јоци: Жеки се надевам ревизија ќе ни каже што точно си правел со наши пари


