| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската обиколница затворена до 28 септември поради снимање филм

обиколница

Обиколницата крај Скопје од утре до 28-ми овој месец  ќе биде затворена за сообраќај  секој работен ден од 7 до 19 часот на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „.2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

– Филмот ќе се снима на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top