| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот државен секретар Арлем Дезир во посета на Македонија

дезир

Делегација на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, предводена од државниот секретар за европски прашања Арлем Дезир денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

За време на еднодневниот престој, француската делегација ќе биде примена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Фармир Бесими.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за европската интеграција на Република Македонија, како и за заложбите на двете земји за отворена и искрена понатамошна соработка.

Според најавата, Арлем Дезир во Собранието на Република Македонија ќе има заедничка средба со членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top