| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица загинаа во пожар во Париз

paris

Во пожар во станбена зграда во 18. париски арондисман животот го загубија осум лица, меѓу кои има и деца. Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев се наоѓа на самото место, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пожарот е на улицата Миро бр.4 во 18. арондисман. Според полициски извор, загинале осум лица, меѓу кои и деца. Ова не е конечниот биланс. На местото на пожарот се наоѓаат многубројни спасувачки и противпожарни екипи.

Пожарот избувна околу 4 часот и 30 минути, според фотографиите објавени на „Твитер“, повеќе лица скокнале низ прозорците. Француското радио „Еуроп 1“ зборува дека пожарот може да има криминално потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top