Градоначалникот на општина Овчарани во Грција, Панајотис Анастасијадис, побара од грчките власти да се учи на македонски јазик во основните и во средните училишта во општината и сите топографски имиња на оваа територија да бидат двојазични, односно сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на македонски и на грчки јазик. Барањата на Анастасијадис биле испратени на 26 март до Министерството за образование и до градоначалникот на Лерин, општина која е надлежна за регионот.
Анастасијадис во писмото изразува загриженост дека Грција се враќа во минатото „кое беше полно со бегалци“ и ја повика државата да покаже дека не подлегнува на носталгичните сеќавања на фашизмот.
– Граѓаните тука се отсечени од сѐ. Невработеноста расте, а се појавија и одредени феномени како што е Златна зора, што сите нас, кои сме дел на поинаков јазичен и културен идентитет, нѐ плаши кога гледаме дека Грција со голема брзина се враќа во минатото, минато кое беше полно со бегалци, забрани и страв. Со оглед на сето тоа, мислам дека е време да покажеме дека Грција со право се смета за модерна европска држава која ги почитува правата на сите граѓани, без оглед на етничкото или јазично потекло. Како претседател на локалниот совет на Мелити секојдневно добивам по стотина барања на граѓани од поширокиот регион во кои се бара непречено користење на нивниот мајчин, македонски јазик во сите аспекти на јавниот живот. Со прифаќањето на ова барање Грција ќе покаже дека не подлегнува на носталгичните сеќавања на фашизмот и дека гледа напред. Со ова ќе се создадат услови сите оние кои зборуваат на македонски јазик и конкретно со дела, да се почувствуваат дека се дел од оваа држава и нејзини рамноправни граѓани.Со нетрпение го очекуваме вашиот позитивен одговор да се укинат овие историски, социјални и економски неправди, кои, за жал, за одреден дел од граѓаните на Грција трае со децении – пишува Анастасијадис во писмото.
Инфорамацијата ја објави весникот на Македонците во Грција „Нова зора“ на својата веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


