| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за здравство: заштитете се од високaта температура

сонцеЗаради невообичаените високи температури за овој период од годината министерството за здравство препорачува престој во климатизирани простории. Од таму даваат и повеќе совети и препораки за однесувањето за заштита од последици:

При престој на отворен простор да се прават почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа.

Претежно да се јаде овошје и зеленчук и да се пие големи количества течности. Најдобро е обична вода и притоа да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

Пред влегување во возило, тоа задолжително да се проветри.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско- градинарските производи пред употреба, препорачуваат од ресорното министерство.

Според прогнозите времето ќе биде сончево и топло со дневната температура од 31 до 38 степени.

УВ индексот ќе има вредност 7.во текот на идната недела ќе продолжи периодот топло и претежно стабилно време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top