| четврток, 6 декември 2018 |

Канадери го гаснеа пожарот кај „Младост“

kanader2Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се активирани за гасење на пожарот што денеска избувна во околината на езерото „Младост“ во Велес. Причината за пожарот се уште не позната и ќе се утврдува дополнително.

Големиот пожар кој беснее над Велес, на потегот од ридот над Башино село кон езерото „Младост“, е пријавен попладнево во 13:50 часот. И покрај брзата интервенција на Противпожарната единица од Велес со пожарот е зафатена шума, борчиња, трева…

Поради ветрот кој непрекинато дува огнот се шири кон езерото „Младост“, а моментално, како што информираат од Противпожарната единица од терен, пожарникарите се борат со огнената стихија да не биде зафатена една куќа.

ДЗС попладнево соопшти дека на подрачјето на село Новачани со оган е зафатена борова шума во пошироки размери, поради што е побарано ангажирање на авионите на Дирекцијата.

– Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се излезени на терен и ја следат состојбата. Доколку има потреба ќе се преземат дополнителни мерки за да се спречи ширењето на пожарот. Причината за избивање на пожарот се уште не позната, ќе се утврдува дополнително, наведено е во соопштението од ДЗС.

Пожар со кој е зафатена мешана шума денеска е пријавен и во атарот на селото Осенчани, општина Студеничани. Справувањето со овој пожар го слдат вработените во Дирекцијата за заштита и спасување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top