Вкупно 19 цивили, од кои три деца се убиени при терористичките напади во Турција во последните два месеца, јави Анадолија.
Нападите главно биле во Источна и vo Југоисточна Турција. Одговорни за нападите се припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и на младинското крило на ПКК – Движење на патриотската револуционерна младина и левичарската екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.
Меѓу убиените е и една жена и еден ирански државјанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


