Уставните одредби, со кои се предвидува формирање на Специјален суд за воени злосторства извршени од ОВК, ќе стапат во сила за две недели, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Правниците, меѓутоа, сметаат дека овие одредби се противуставни.
Во Службен весник вчера е објавен Законот за Специјален суд и Канцеларијата на Специјалниот обвинител, и согласно овој акт одлуките стапуваат во сила 15 дека од денот на објавување.
Уставна основа на овој закон е токму амандманот 24, кој опозицијата го приложи до Уставниот суд, но тој сѐ уште се нема изјаснето во врска со него.
Косовската претседателка Атифете Јахјага не го спречи објавувањето на законот, кој произлегува од оспорениот амандман, туку пред 10 дена потпиша указ за негово стапување во сила, по што е објавен во Службен весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Судот одлучи: Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи го Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово



