Двесте лица ќе можат да се вработат во микро и мали компании во Македонија со мерката која на работодавачите им дава грантови за отворање нови работни места врз основа на бизнис план за проширување. Компаниите кои ќе аплициираат треба да достават бизнис планови, да немаат намалено вработени од 31 декември минатата година и да не должат јавни давачки. За секое одобрено ново работно место компанијата ќе добива по 92 илјади денари за репроматеријали и опрема.
– За оваа мерка за 2015 година се предвидени 18 милиони денари за отворање 200 нови работни места. Со завршувањето на јавниот повик кој ќе трае до 16 септември очекуваме оваа можност да ја искористат голем број домашни компании. За секое ново отворено работно место компаниите ќе можат да добијат 92 илјади денари грант финансиски средства за опрема и репроматеријали од државата – истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на промоцијата на мерката.
Информира дека оваа мерка се реализира од 2010 година за што се одобрени средства во висина од 41 милион денари. Можност преку мерката да отворат нови работни места искористиле 307 компании за отворање 446 нови работни места.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Попоски појасни дека прво компаниите треба да аплицираат и поднесат бизнис план за развој на својот бизнис и да кажат дека имаат потреба за зголемување на бројот на вработени заради процесот на проширување на компанијата.
Потоа, додаде Поповски, тим од МТСП, АВРМ и УНДП ќе ги разгледуваат плановите ја оценуваат валидноста и одлучуваат кои компании можат да добијат грантови. Една компанија може да добие одобрување и гранд за од едно до пет работни места во зависност од понудениот бизнис план.
– Услов е компаниите да не должат јавни давачки – даноци, придонеси за вработување и минатата година најмалку 0 на завршната сметкаи да немаат намалено број на вработени од јануари наваму – рече Попоски.
Истакна дека лицата треба да бидат вработени на најмалку 12 месеци и со обврска на работодавачот доколку лицето замине да вработи друго за предвидениот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Гостиварец заработи кривична: Отворал врати и кршел катанци, во една вечер обил четири фирми
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500