| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ и Рама се согласуваат: Србија и Албанија се пример за регионот

рама

Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во телевизиската емисија „Опкружување“ се согласија за многу прашања, пред сѐ, тие што се однесуваат на иднината на двете земји и подобар живот за граѓаните, а ставовите им останаа целосно различни кога е во прашање Косово, иако и околу тоа имаа согласност дека никогаш да имаат исто мислење.

Гостувањето на двајцата премиери во емисијата снимена во Виена за време на Самитот за Западен Балкан минатата недела, го пополни и Горан Свилановиќ, како генерален секратар на Советот за регионална соработка – пренесува Фена.

Вучиќ и Рама порачаа дека несогласувањето на двете држави за прашањето за Косово не смее да ги оневозможува дијалогот и соработката, оценувајќи дека односите меѓу Србија и Албанија не се најголем проблем на Балканот.

Вучиќ смета дека најтешко балканско прашање е Босна и Херцеговина.

– Мислам дека БиХ ќе биде најголем проблем и се радувам поради тоа. Ние имаме одлични односи со БиХ, ја сакаме Република Српска, се плашам но сметам дека сум во право – истакна српскиот премиер.

Свилановиќ, исто така, оцени дека функционалноста на БиХ е голем проблем.

– Косово барем има рамка за решавање на проблемот, а тоа е Бриселскиот дијалог, а во случајот со БиХ ниту тоа не постои – нагласи Свилановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top