Од режисерот на филмот „Цитадела“ и продуцентот на филмовите „Паранормална активност“ и „Астрална подмолност“ пристигнува хоророт на годината! „Злокобен 2“ е морничаво продолжение на култниот филм од 2012 г. По шокантните случувања од првиот дел, злиот дух Багул продолжува да бара жртви и тероризира семејства. Американскиот хорор во кината пристигнува на 3 септември.
По шокантните случувања од првиот дел, Кортни (Шанин Сосамон) ги одведува деветгодишните близнаци Дилан и Зак Колинс (во вистинскиот живот Роберт и Дартаниан Слоан) на селскиот имот во Илиноис. Поседот е доволно изолиран и шансите да ги пронајде Клинт (Ли Коко), сопругот на Кротни, се минимални. Заштитнички настроената мајка на близнаците не е ни свесна дека се наоѓаат во рурална куќа во која од ден во ден ги следи злиот дух Багул…
Поранешниот заменик на шерифот (Џејмс Рансон) сега е приватен детектив кој заминува во Илиноис со намера да ја спали куќата и на тој начин да му стави крај на ланецот на смртта на Багул. На имотот ги затекнува Кортни и близнаците кои истовремено се во опасност од Клинт и Багул. Духови на деца и Багул веќе почнуваат да го опседнуваат Дилан со вознемирувачки домашни филмови….
Актерската постава ја сочинуваат Шанин Сосамон, Џејмс Рансон, Роберт и Дартанијан Слоан кои толкуваат ликови фатени во ноќна мора.
„Злокобен 2“ премиерно беше прикажан минатиот викенд во Америка каде што имаше одлично отворање со преку 10 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура