Ако некогаш победуваше на скоро сите натпревари за убавина, препознатливо ТВ лице, омилен модел за реклами, спотови и модни ревии, денес е успешна дама и девојка која го освојува светот.
Нема некој кој не се сеќава на манекенката Енџи Стојановска. Веќе неколку години таа живее, студира и работи во Америка, но не престанува да го прави она што најмногу го сака, а тоа е фото-моделирање.
Пред објективот на Дејан Димковски, стилист и фотограф кој живее и работи во Америка, ја гледате Енџи во светло кое остава без здив. Отмена и убава, во улога на дама и кралица, таа гордо позира во моделите на американските дизајнери, Катрина Кагел и Клаудиа Аројо- Уплегер. Виновникот за гламурозната шминка и фризура на Енџи е Даниела Димковска.
Оваа фото-сесија е доказ дека раскошните фустани, раскошот и ренесансата никогаш не излегуваат од мода.
Фотографиите кои се фотографирани на неколку локации низ Чикаго, веќе од следната недела ќе се најдат на неколку насловни страни на најпознатите Американски медиуми, а денес премиерно се пуштаат низ македонските медиуми.
,,Драго ми е што го живеам мојот сон. Иако живеам во Америка, јас никогаш не престанав да се занимавам со манекенство и фото-моделирање. Тоа е мојата страст, среќа и хоби. По моја желба сакав прво овие фотографии да се видат во мојата матична земја, а потоа да излезат и низ американските медиуми. За сите мои новитети и успеси во светот на модата прво ќе се дознае во Македонија, на што сум посебно горда.”- изјави Енџи
Она што е за почит е дека за секој успех потребна е желба, а Енџи е доказ дека кога се сака, се може се’.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.