| четврток, 6 декември 2018 |

Каква грешка, документите за Де Хеа не стигнаа на време?!

Во последните моменти од летниот преоден рок, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид го договорија трансферот на шпанскиот репрезентативен голман Давид де Хеа во редовите на кралскиот клуб. Во целиот случај беше вклучен и голманот на Реал Кејлор Навас.
Сепак од оваа размена посеизгледа нема ништо бидејќи сите документи од Манчестер јунајтед и ФА на Англија не пристигнале навреме за регистрација на трансферот во Ла Лига, по што најверојатно, доколку нешто не се промени во последен момент, пропадна трансферот вреден 35 милиони евра.
Реал требаше да го испрати Навас во Манчестер и да доплати одредена сума на пари, но доколку документите не пристигнале навреме, тогаш ништо ниту од размената, ниту од доаѓањето на Давид Де Хеа во редовите на шпанскиот гигант.

Сепак “кралскиот клуб“ ќе докажува дека сите потребни документи за регистрација на Де Хеа биле испратени до 23.59, но во формат кој неможеле да го отворат челниците на Ла Лига. Целиот случај најверојатно ќе оди на посебно разгледување во ФИФА.ж

Од Манчестер Јунајтед истотака тврдат дека сите документи се испратени на време и двата голмана треба да бидат регистриани за своите нови клубови.

Останува да се види оваа трансферна сага како ќе се развива, иако засега е официјално дека Давид Де Хеа не е регистриран навреме за Реал Мадрид, а со тоа и целата зделка пропадна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top