Го сакате виното, а ве мрзи да одите во сала за вежбање? Ова откритие ќе ве развесели. Неколку одвоени студии покажаа дека виното го забрзува согорувањето на мастите.
Истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Алберта во Канада покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение што се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбање.
Според водечкиот истражувач, Џејсон Дајк, овие наоди особено ќе им помогнат на оние што не можат да вежбаат. Ресвератролот ги подобрува физичките перформанси, функцијата на срцето и мускулната сила, на ист начин како со вежбање во сала.
-Мислам дека ресвератролот може да им помогне на пациентите кои сакаат да вежбаат, но се физички неспособни – вели тој.
Здравствените придобивки од црвеното вино се добро документирани. Истражувањата покажаа дека оние што пијат една чаша црвено вино на ден, имаат помала веројатност од развој на деменција или рак, влијае добро на срцето, го забавува стареењето и може да го регулира шеќерот во крвта.
Сепак, ова се однесува за умерени количини, а студијата била спроведена врз глувци, а не врз луѓе.
Сепак, ако сакате да го зголемите внесот на ресвератрол во организмот, обидете се со боровинки, путер од кикирики, црвено грозје и темно чоколадо. Запомнете, балансираната исхрана значи сè.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.