| четврток, 6 декември 2018 |

„Гаспром“ обвинува дека Киев купува руски гас од Европа

гасна пумпа“Гаспром” упати критики до Украина бидејќи купува гас од западна Европа. Претседателот на компанијата Алексеј Милер вели дека европскиот гас всушност руски гас од „Гаспром“.

– Нашиот гас оди за Европа, а потоа се вреќа во Украина, рекол Милер.

Со години Киев бара начин да ја спушти цената на рускиот гас. Претседателот Јанукович вели дека со неповолниот договор потпишан од претходниот премиер Јулија Тимошенко, Украина губи годишно околу шест милијарди долари.

“Украинатранс  гас” и унгарскиот ФГСЗ потпишале договор за прием на гас, со кој Киев може да презема “сино гориво” од Унгарија.  Украина планира да купи гас и од Словачка и од Германија

Но и покрај ова Русија и натаму е главен продавач на гас за Украина. Лани и испорачала 32,8 милијарди кубика гас за цена од 426 долари за илјада кубици. Украина сака да набавува гас по цени кои важат за европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top