Изгоре дел од ладилник во кавадаречкото село Сопот полн со грозје, пожарникари пет часа работеа на терен за да го стават огнот под контрола, потврдија вечерва за МИА од кавадаречката Територијална противпожарна единица.- Попладнево пламени јазици зафатиле ладилник во селото. Се утврдуваат причините за пожарот како и настанатите штети, рекоа од Службата.Од кавадаречката единица на местото биле две противпожарни возила со седум пожарникари. Ним на помош им дошле двајца пожарникари и едно возило од Фени индустри, едно возило со еден пожарникар од Неготино и цистерна со вода и работник од Комуналното претпријатие од Кавадарци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.