Само за два месеца од почетокот на големата акција, полицијата има уништено околу 60 илјади стебла марихуана, на парцели откриена низ целата територија на земјата.
Како што деновиве потврди Министертвото за внатрешни работи во изминатиот период од годинава, пак, албанската полиција има уништено над 500 илјади стебла марихуана, чија висина достигнувала и до 240 сантиметри.
Марихуаната е застапена во речиси сите делови на земјата, но главно во планиснките недостапни терени на северната област Дулаѓини, Тропоја и Кукс, но ја има на големи парцели и во подрачјето на Валона, Тепелена. Успесени се 240 лица осомничени за одгледување и трговија со марихуана.
Според албанскиот прв полицаец Сајмир Тахири годинава запленета и уништена е марихуана во вредност од седум милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.