| четврток, 6 декември 2018 |

Се унапредува туристичката соработка со Турција

turizam

Туроператори и туристички агенции од Турција од денеска се во официјална посета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постојните партнерства и создавање на нови партнерства со Македонија.

Информативното патување, во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија, ќе започне од Скопје со посета на винскиот регион, Битола и Музејот на Кемал Ататурк и ќе заврши со дводневна посета на Охрид.

Со цел поголема контрола, зацврстување на веќе постојните партнерства и создавање на нови партнерства со Македонија за проширување на туристичкиот пазар значаен за двете земји, денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Асоцијација на туроператори од Турција – ТУРСАБ и Туристичко угостителката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. Меморандумот го потпишаа претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ Мехмет Акус и Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.

Пред турските туроператори и туристички агенции ќе бидат презентирани хотелските капацитети во Охрид, со цел да се зголеми бројот на туристите од еден од најзначајните туристички пазари во Македонија.

turizam2

Според статистичките податоци, бројот на туристи од Турција е зголемен за повеќе од 400 отсто, од 2008 година кој изнесувал 16.000 туристи до 2015 тој број е зголемен за повеќе од 75.000 туристи годишно и остварени се повеќе од 140.000 ноќевања.

Агенцијата организираше и деловна средба во Министерството за надворешни работи со членовите на ТУРСАБ и туристичките агенции од Турција.

Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус, искажа задоволство од големиот интерес од страна на македонското туристичко стопанство и се надева на успешна посета, остварени многу значајни контакти со цел да се продолжи и да се зголеми успешната туристичка размена со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top